Надал спремен за новите предизвици – Одработи тренинг и проговори кога се враќа!

Сподели

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска започна да тренира откако неодамна беше опериран на ногата.

Мадридска Марка објави кратко видео во кое шестиот играч во светот моментално прилично силно ја удира топката и ги изведува своите први тренинзи по паузата во присуство на тренерот Карлос Моја, на неговата Академија во Мајорка.

Да потсетиме, откако го загуби полуфиналето на Ролан Гарос од Новак Џоковиќ, Надал одигра само турнир во Вашингтон, на почетокот на август, каде го победи Џек Сок, а потоа загуби од Лојд Харис.

Оттогаш, освојувачот на дваесет Грен слем титули во кариерата отсуствува од терените, а на почетокот на септември, тој беше опериран на левата нога.

Претходно, Надал објави дека оваа година нема повторно да игра на турнири, а неговото враќање се очекува на почетокот на 2022 година и дека ќе биде подготвен за Австралија опен, првиот грен слем турнир оваа година. Сeуште не е познат точниот датум на враќање, па дури и по овој прв тренинг, самиот Надал изјави:

„Во моментов, не знам кога ќе играм повторно“.

The post Надал спремен за новите предизвици – Одработи тренинг и проговори кога се враќа! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico