Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал – Complicate Simply!

Сподели

 

ГАЛЕРИЈА МКЦ, 18 – 24.октомври

Посебната инспирација за оваа изложба пристигна со новото ремек-дело на Славимир Стојановиќ Футро, плакатот за годинешното, јубилејно, 40. издание на Скопскиот џез фестивал. Изложбата содржи 24 избрани креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според нас, најдобрите во долгата историја на фестивалот.
 
Малку познат факт е дека Скопскиот џез фестивал е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди (преку четириесет) на светските маркетиншки фестивали (вклучувајќи и „Гранд при“ на најпознатиот, во Кан). Визуелниот идентитет на Скопскиот џез фестивал му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите, туку и со видео клиповите (анимираните или оние работени на филмска лента), со монографиите, програмските каталози и со календарите – единствени во светот од тој тип.
 
Благодарност до сите дизајнери и агенции (и оние што не се застапени на изложбата) со кои заедно ја градевме визуелната историја на фестивалот. И на кураторот на изложбата, Небојша Гелевски – Бане.