ФОТО: Стана предмет за потсмев меѓу навивачите – Зион има 136 килограми и веќе не личи на себе!

Сподели

Њу Орлеанс Пеликанс ја започна новата сезона во НБА со пораз од 97:117 од Филаделфија 76, без помошта на Зион Вилијамсон, не толку одамна првиот пик на драфтот (2019 година) кога многумина го сметаат како новиот Леброн Џејмс.

Засега Вилијамсон не успеа да ги оправда тие очекувања, а многумина за тоа ја обвинуваат неговата необична градба, поради што е склон на повреди.

Пред почетокот на сезоната ја оперираше десната нога и се уште не се знае кога точно ќе се врати на паркетот. Она што го забележаа навивачите на Пеликанс е дека Зајон изгледа позапоставено од кога било.

Добро информирани извори наведуваат дека тој сега тежи 136 килограми, што е највисока тежина што ја забележал откако е во лигата.

На социјалните мрежи се шират шеги на сметка на големиот крилен центар, но и гневот на фановите кои мислат дека Вилијамсон со ваквото невнимание кон сопственото тело никогаш нема да ја достигне формата што се очекува од него.

The post ФОТО: Стана предмет за потсмев меѓу навивачите – Зион има 136 килограми и веќе не личи на себе! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico