Општина Центар: Котлар грубо манипулира, нема никаква поплава од фекалии во ООУ Димитар Миладинов

Сподели

 

Општина Центар најостро реагира на денешниот статус на Фејсбук на Наташа Котлар кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Центар, кој го преносоа дел од медиумите, дека во ООУ Димитар Миладинов имало поплава од вода со фекалии.

Во училиштето е настанат дефект и пукната е цевка од радијатор за топлинска енергија, која веќе се санира.

Станува збор за дефект кој ќе се отстрани во најкраток рок, по што наставата ќе се нормализира. Ваквото заплашување на родителите за потребите на својата кампања нема да и донесат гласови на Котлар за изборите. Апелираме да прекине со оваа пракса. Општината ќе информира точно за деталите околу наставата за најкус рок, информираат од Општима Центар.