Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ доби незгоден удар во коленото на мечот против Јута, па беше принуден да ја напушти играта на крајот од првото полувреме.
По судирот со Руди Гобер, Никола падна на подот и се фати за коленото со болна гримаса на лицето, а навивачите на Нагетс шокирани се држеа за глава.
За среќа, не се работи за сериозна повреда и Јокиќ наскоро повторно ќе биде на теренот.
Имено, новинарот на Денвер Пост, Мајк Сингер открил дека Србинот доживеал контузија на коленото и дека нема никакви проблеми кога станува збор за структурата на коленото и нема оштетувања.
„Очекувам да биде под знак прашање за во петок. Тимот е генерално конзервативен, па не би ме изненадило да го пропушти тој натпревар“, напиша Сингер на Твитер.
Тоа значи дека Јокиќ ќе го пропушти дуелот со Далас во петок, но најверојатно ќе биде подготвен за мечот со Минесота.
The post Настрада коленото на Јокиќ – Позната е состојбата и кога се враќа на НБА терените! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico