Шок приказна од НБА! Шек тргна да се пресмета со тренерот па ги фрлаше соиграчите како партали!

Сподели

Шекил О’Нил беше еден од најдоминантните играчи во НБА лигата во текот на кариерата, а со висина од 216 сантиметри и преку 140 килограми беше навистина незапирлив во рекетот.

Еден од ретките што се дрзна да му „застане на линијата“ е неговиот поранешен соиграч од Мајами, Јудонис Хаслим, кој сега раскажа нова приказна од периодот кога заедно играа за шампионскиот тим на Мајами Хит.

Крилниот напаѓач, кој веќе извесно време е најстариот играч во лигата, се присети на конфликтот меѓу тогашниот тренер на Мајами, Пет Рајли и гигантскиот центар.

„Се обидов да го задржам Шек, а тој ме фрли како кеса чипс“, рече Хаслим.

Тој, исто така, воопшто не е лесен со своите 203 сантиметри и преку 110 килограми, но против Шек не се можеше.

„Се обидов да го спасам стариот задник на Пет, но Шек ме зграпчи и ме фрли на подот, иако само се обидував да го спречам. Замислете како ќе беше ако ме нападнеше?“, се запраша Хаслим.

Како тогаш преживеа Пет Рајли, големо прашање е …

The post Шок приказна од НБА! Шек тргна да се пресмета со тренерот па ги фрлаше соиграчите како партали! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico