ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше РЕК Битола, а денес го злоупотребува во дневно политички цели

Сподели

 

Ги потсетуваме ВМРО ДПМНЕ дека во август 2017 година, кога новото раководство го презеде АД ЕСМ во РЕК Битола, среде лето имаше 70 илјади тони јаглен на депонијата. Така што наводите за некаква претходна спремност на раководството од ВМРО ДПМНЕ е без никаква основа и спротивно на фактите. Големите поплави кои во 2020 го зафатија рудникот на РЕК Битола и натчовечките напори на вработените во услови на пандемија да го вратат ископот на јаглен не заслужуваат партиски препукувања преку нивната жртва и труд, наведуваат од СДСМ во денешното соопштение.
 
Што се однесува до откривките на јаглен, не е точно дека оставиле подготвен терен за чист ископ, напротив, откривките, односно ископот на јаловина во 2017 година  беше во минус во однос на тоа што требаше да биде постигнато во дадениот моментн.
 
Во 2017 година, поранешното раководство на АД ЕСМ го прекина договорот за модернизација на Блок 1 со фирмата од Германија. Тоа е истиот блок кој сега јавува најчести дефекти, како што е случај со денешниот.
 
Од страна на новото раководство секоја година се правени редовни ремонти на блоковите, а во последните три години се направени и капитални ремонти, за чие редовно извршување роковите беа истечени и истите не беа направени од страна на директорите поставени од ВМРО ДПМНЕ.
 
Во однос на вработеноста, бројките покажуваат дека бројот на вработени во АД ЕСМ само се намалува. Денес истиот изнесува 4.482 вработени, додека во 2017 бројот бил 4.892. Така што јасно се гледа кој имал намера да врши партизација и кој вршел партиски вработувања на државно ниво.
 
Исто така, останува веќе 4 години неодговорено прашањето од страна на Христијан Мицкоски: зошто како генерален директор на АД ЕСМ, а претходно како принудна управа во РЕК Битола во својство на советник на Груевски, во јануари 2016г набави електрична енергија по цени повисоки и од 200е/MWh,  во време кога немаше енергетска криза во Европа и кога цените беа во нормален распон, од 50 или 60 е/MWh. Истото прашање треба да го одговори и Гордана Димитриевска-Кочовска, која му беше директор за финансии на Мицкоски во АД ЕСМ, велат од СДСМ.