Герасимовски додели 8 стипендии на деца од семејства со висок социјален ризик

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на 8 деца од семејства со социјален ризик од општинските основни училишта, им додели стипендии за учебната 2021/2022 година.

 

 

Овие стипендии Општина Центар ги доделува секоја година и со нив, им се олеснува процесот на основно образование на учениците на кои овие средства им се најпотребни, по едно дете од секое општинско основно училиште. Стипендистите ќе добиваат по 3000 денари месечно, до крајот на учебната година.

 

 

Доделувањето на стипендиите беше повод за денешната посета на учениците во кабинетот на градоначалникот Герасимовски, кој искористи прилика накусо да ги запознае децата со работата и активностите на општината.

 

 

Градоначалникот Герасимовски, заедно со симболични подароци, им ги додели стипендиите на учениците и им посака многу среќа и успеси во учебната година што претстои.