Македонската фудбалска репрезентација продолжува испиша нова фудбалска историја, откако по тензичната, но заслужена 3:1 победа над Исланд, првпат се пласира во бараж на едно Светско првенство, завршувајќи ги настапите во групата Ј со историско второ место.
„Ние го знаевме нашиот квалитет, сите мислеа дека среќно игравме на ЕП, но сега покажавме пак дека сме силни. Ќе играме бараж за СП 2022, па зошто да не одиме во Катар? Одиме чекор по чекор, многу работи се сменија во оваа репрезентација на подобро. Наше е да играме, ја имаме најдобрата организација и тоа е нешто што фалеше пред шест-седум години. Во баражот ќе биде тешко, но мора да веруваме на нашиот тим“, изјави Алиоски.