Фајзер потпиша договор за производство на апче против ковид-19

Сподели

 

Експерименталното апче против ковид-19 ќе може да се користи и продававо 95 земји во развој, откако компанијата Фајзер потпиша договор со Медисинс Патент Полс од Женева. Станува збор за апче коешто ги намалува ризиците за хоспитализација и смрт за речиси 90 отсто кај луѓето со умерени симптоми на корона вирус, јавува Би-би-си.

Компанијата Фајзер потпиша договор што ќе овозможи дури 53 отсто од светската популација да има пристап до ова апче против ковид-19, вклучувајќи земји од Африка и Азија. Сепак, во оваа група не спаѓаат земјите во кои има висока стапка на ширење на ковид-19 во моментов, како што се Бразил, Кина, Русија, Аргентина и Тајланд.

Договорот за производство на апчето е постигнат уште пред да биде одобрено, со што се засилува надежта дека ковид-19 пандемијата наскоро ќе може да биде искоренета.

Од меѓународната организација Лекари без граници сепак се незадоволни што договорот не значи дека сите земји во светот ќе имаат можност да го користат новото апче против ковид-19.

Инаку, ваквиот потег на Фајзер доаѓа откако минатиот месец компанијата Мерск објави дека сличен договор е постигнат со Медисинс Патент Полс за да им се дозволи на фабрики ширум светот да отпочнат со производство на нивниот лек против ковид-19 Молнупиравир.