Комисијата за хартии од вредност (КХВ) побара од компанијата „Балкан петролеум“, понудувачот за купување на „Макпетрол“, да достави дополнителна документација пред да донесе конечна одлука дали ќе дозволи преземање на најголемата македонска нафтена компанија.
Во наредниот период компанијата „Балкан петролеум“ треба да ги обезбеди дополнителните документи, а потоа КХВ ќе се изјасни дали досието е комплетирано.
Ако се потврди дека понудувачот ја има комплетната документација, тогаш почнуваат да течат десетте дена во кои комисијата ќе мора да одлучи дали ќе дозволи преземање на компанијата.