Во тек е рација на турската полиција и обвинителите во Инџирлик, воздушната база на НАТО близу градот Адан, во која се наоѓаат повеќе од 1.500 американски војници, јавуваат „Си-Ен-Ен Турк“ и агенцијата „Анадолија“.
Оваа база два дена беше затворена, а наводно властите во тој период ја прекинале и струјата поради сомнеж дека одредени учесници во државниот удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган, во оваа база наполниле гориво за хеликоптерите од кои подоцна пукале на зградите на државните институции.
Исто така турските власти се сомневаат дека еден борбен авион „Ф-16“ е киднапиран од базата и дека учествувал во нападот на режимот на Реџеп Таип Ердоган.