Вечерва на седниците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ беа донесени важни одлуки за иднината на државата и функционирањето на партијата.
Со едноминутно молчење беше оддадена почит кон жртвите на трагедијата којашто се случи во Бугарија.
Зборувајќи за актуелната состојба и предизвиците коишто се пред граѓаните, Централниот одбор оцени дека државата, надлежните институции, со полн капацитет се справуваат со предизвиците од енергетската криза, и сите потребни мерки и одкуки ќе бидат во оваа функција.
Државниот буџет е ликвиден и во него има средства да се помогне енергетскиот сектор, граѓаните но и да се спречат ценовни шокови.
Во однос на панденијата и заштита на здравјето на луѓето, фокусот на надлежните институции да преземаат чекор за дополнително мотивирање и охрабрување што повеќе граѓани да се вакцинираат.
Буџетот за 2022 година кој сега е во Собранието е развоен и обезбедува повеќе пари за инвестиции во клучните сектори, економски раст, и истиот очекуваме да биде донесен од страна на Собранието без опструкции.
Осврнувајќи се на задолжението што го доби на минатата седница на Централниот одбор, претседателот Заев информираше дека парламентарното мнозинство е стабилно, дека во моментов изнесува 61 пратеник и дека очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми. Тоа е важно за задржување на европскиот курс на државата и предизвиците во периодот пред граѓаните.
ЦО смета дека има простор за разговори за приклучување на партијата Алтернатива врз основа на принципи, вредности и програмски, за штоа останува пренесената надлежност на претседателот Заев.
Централниот одбор на СДСМ вечерва констатираше дека со поднесената оставката на претседателот Зоран Заев од челната функција во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.
Во оваа насока ЦО донесе одлука за распишување и спроведување на внатрепартиски, непосредни избори за претседател на партијата.
Изборите ќе се одржат на 12 декември, ден недела.
Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум ден, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно статутот на СДСМ.
Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. Активната регистрација започнува утре и ќе трае седум дена за што соодветно ќе информираме.
По изборот на претседател, следува избор и на ново раководство на партијата.