Ако остарам некогаш.
Ако ја имам среќата да остарам и да имам внук или правнук од мое чедо ќе му шепнам дека само очите ми беа од тебе мамо!
Дваесет и седум!
И многу љубов.
Во нив премногу љубов.
И многу страв.
Дваесет и седум.
Сиот страв собран во нив од светот.
Дека само очите ми беа од тебе ќе му кажам мамо.
Оти ти само тоа си!
Дваесет и седум!
Сета сирова љубов и сиот суров страв во очите твои – собрани од светот!
Дваесет и седум!
Онаа сирова љубов со која мајките креваат автомобил со голи раце ако заглави под него бебето
Оној страв од кој антилопите споулавуваат и му ја гризат аортата на вратот на лавот ако му се случи нешто на антилопот
Само очите ми се од тебе мамо.
Дваесет и седум.
И во нив сета љубов и сиот страв собрани од светот.
И стално ќе можам да ти ги нацртам очите со обичен јаглен, со молив, со прст во калта, во правта, на плажата во песокот- кога и да е на што и да било.
Дваесет и седум!
Ќе ти ги нацртам најлесно колку и да бидам стар или сенилен или да не ме држи умот!
Дваесет и седум!
Во еден круг само двојче.
Седмиче мало во десниот.
Како дваесет и седум коски да ти крши некој истовремено.
Како дваесет и седум коски да ти крши некој истовремено
– болката што жената ја истрпува кога се р’ва со Господа на ридот од Рајот низ бездната да фрли и низ себе да донесе на светов нов живот…
Само очите ми се од тебе мамо!
И во нив сета љубов
Во нив сиот страв собран од светов!
И кога љубиме и кога се плашиме до смрт – само очите наши да светат исто.
Кога бев средно еден монах или поп везе немам онде карши Житолукс еден ден ме праша кај е Државна безбедност?
Го извадив вокменот од уши и му реков : Само право, малце подолу!
Ми се насмеа и рече фала ти многу момче, а послем тоа одма додаде што убави очи ти дал Господ! – погласно.
Не се од Господ од мајка ми се му реков!
Од мајка ми ми се очите му реков.
Кога подзастарев многу девојки ми рекоа дека убави очи имам мамо.
Ти ми рече да бидам со онаа што нема да се плаши од мојот страв и од мојата сирова љубов.
Кога умрев во ковчегот солза од окото ми протече под чаршафот низ левото око и сестра ми се исплаши и скокна утрото.
Тоа ти плачеше.
Тоа ти плачеше не јас!
Мажи не плачат ти така велеше и јас стално те слушав – тоа ти плачеше!
Тоа ти плачеше низ очите мои таму од небото мамо.
Оние очи за кои Бог ми рече дојди поблиску!
Дојди да ти ги видам очите малку поблиску!
Оние очи за кои не се сеќаваше дека ги создал баш така Господ!
И се смееше.
И се смееше слатко и те опцу!
Кога умрев тебе прво те опцу Бог!
И јас тогаш дознав дека си била ангел ти мамо.
Ангел кој скришум се протнал во телото твое на ридот од Рајот.
Ангел кој ме чувал ѓоа мајка своја синот.Дваесет и седум!
Дваесет и седум!
Дваесет и седум!И јас тебе многу!
И јас тебе мамо…