Извршниот директор на фудбалскиот клуб Милан, Иван Газидис изјави дека изградбата на нов стадион е клучен за успешната иднина на клубот.
Проектот за изградба на нов стадион ги подели навивачите, а извршниот директор на Милан смета дека „изградбата на нови стадиони е неопходна за најсилните тимови во Италија“.
Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони претходно изјави дека се противи на рушење на „Сан Сиро“.
Газидис додаде дека ги разбира сомнежите, бидејќи „Сан Сиро“ е посебно место, но истакна дека е неопходно да се има храброст, пренесоа италијанските медиуми.
„Чувствата постојат и не можам да ги преиспитам. Сеќавањата на стадионот ќе бидат таму засекогаш, никој нема да може да ги избрише, тоа е невозможно. Имаме сè што ни треба: фудбал, луѓе, навивачи. Гледам блескава иднина. Само треба да имаме храброст „Создавањето нови стадиони е фундаментален чекор доколку сакаме повторно да бидеме на врвот на светскиот фудбал“, заклучи Газидис.
The post Наскоро Милан добива стадион – Газидис сака да гради нов Сан Сиро!? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico