Што се случува во ПСЖ? Тотална распродажба, заминуваат дури седум играчи уште во јануари!

Сподели
 

 

Не е ни половина сезона во францускиот шампионат, а Пари Сен Жермен веќе има 11 бодови предност на врвот на табелата. Се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите, но не оди се одлично во „дрим тимот“ од Париз.

Многу се зборува за слабата форма на Лионел Меси и Нејмар, а сега се појавија информации дека дури седум играчи се подготвуваат за продажба на „Паркот на принцовите“ во јануарскиот преоден рок!

И додека веќе подолго време се споменува заминувањето на Маурицио Покетино од клупата на ПСЖ, тој сака да се „бори“ со добриот дел од тимот на средина од сезоната. Аргентинецот работи со дури 33 играчи во првиот тим, што е премногу за тоа што го сака.

Така сега „Л’Екип“ објавува дека ПСЖ ќе се ослободи од седум играчи на чело со Мауро Икарди!

Откако Икарди пристигна во Париз, не може да се навикне на новата средина, а нивните „добро познати љубовни проблеми“ со сопругата Ванда очигледно го направија напаѓачот немотивиран, пишува францускиот весник.

Тој е петти напаѓач на тимот, зад Нејмар, Меси, Килијан Мбапе и Анхел ди Марија, па Покетино тешко го користи. Спортскиот директор Леонардо за него бара 50.000.000 евра, но се чини дека ќе биде многу тешко да се добијат тие пари.

Меѓу играчите кои би можеле да заминат е и Абду Дијало. Левиот бек добро ја започна сезоната, но не може да добие доволно можности покрај Нун Гомез и Хуан Бернат, а треба да биде продаден и Левин Курзава.

Колин Дагба е десен бек кој не може да се изрази покрај Ашраф Хакими, а покрај него младиот Ерик Јуниор Дина Ебимбе е млад играч од средниот ред кој веќе би можел да биде продаден.

Рафиња е повреден од октомври и се чини дека веќе стана вишок, како и Серхио Рико кој како трет голман покрај Кејлор Навас и Џанлуиџи Донарума нема што да бара во таа конкуренција …

The post Што се случува во ПСЖ? – Тотална распродажба, заминуваат дури седум играчи уште во јануари! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico