ДОМ: Масовно користење на сончевата енергија за излез од енергетската криза

Сподели

 

Зелената партија ДОМ истакнува дека единствено одржливо решение за енергетската криза е интензивно инвестирање во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, пред се од сонце. Секој кров е потенцијален енергетски капацитет кој треба да се искористи. Потребно е веднаш да се отпочне со процесот на енергетска транзиција за да постепено обновливите извори станат примарен извор на енергија.

ДОМ бара Владата и локалните власти итно да донесат одлука со која ќе ги задолжат  државните институции и јавни претпријатија веднаш да започнат со инсталирање на фотонапонски панели и реконструкција за енергетски ефикасни фасади, на сите јавни објекти.

Итно да се поедностави процедурата за добивање дозволи за поставување фотоволтаици и да се отстранат сите лимити за инсталирана моќност на постројките за производство на струја кои граѓаните и компаниите можат да ги инсталираат на своите кровови.

Со итно спроведување на овие мерки предвидуваме дека во наредните 6 месеци би се инсталирале нови 200 МW, а до крајот на 2022 година уште 200, или вкупно 400 MW фотонапонски панели или доволно енергија за околу 100.000 домаќинства.