Мицкоски повторно избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 17-от редовен конгрес на партијата е реизбран за лидер на партијата.

Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

 

 
“Секоја победа која доаѓа не е резултат само на успешна тактика, туку е сублимат на целото искуство и труд вложени претходно. Не сум човек кој се откажува, тоа не е во мојата природа. Реформирано и силно ВМРО-ДПМНЕ ќе значи и силна Македонија. Поразот не е опција кога влогот е Македонија, нашата иднина и иднината на нашите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија, кредибилен партнер на граѓаните, партнер на меѓународната заедница, граѓанското општество.
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја води Македонија!” – изјави Мицкоски на Конгресот.
 

 

 

Христијан Мицкоски пред своите делегати ги презентираше зацртаните идеи за следните 4 години, влез во ЕУ, втора епоха на мобилизација на интелектуалеците за да придонесат кон развојот на државата, најави нова политика и концепт на заедништво наречен нов договор општествен консензус. Но, Мицкоски иако рече дека во својот говор ќе ги изостави СДСМ и Зоран Заев сепак ги спомена со порака дека ќе сфатат каде грешат и дека ќе се променат. 

Најавувам на овој 17ти Конгрес нова политика, нов концепт на заедништво, наречен Нов договор!
Ни треба нов општествен консензус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам. На Македонија и треба нов договор кој ќе го оделотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел, изјави Мицкоски.

 

 

Покрај изборот на лидерот на партијата се донесе и нова политичка доктрина испишана на 36 страници.

 

Уважувајќи го ангажманот на генерации членови, активисти и поддржувачи на партијата, чија борба за напредна држава е манифестација на нашата колективна свест, совест, мисла, акција и дело низ годините.

“Пред нас се големи предизвици, економска криза, енергетска криза, ковидот не престанува и покрај надежите дека тоа ќе се случи, светот е изменет, планетата е изменета, се функционира поразлично од претходно. Македонија мора да фати приклучок, да се адаптира на новиот свет, да ги создаде, развие и да ги промовира своите предности и да ги исправи своите недостатоци” – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

 

-Инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори зашто народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави партискиот лидер пред почетокот на конгресот.