Герасимовски: Правилната селекција на отпадот носи здрава животна средина

Сподели

 

Општина Центар ја продолжува соработката со Здружението за одржлива развој и заштита на животната средина Гоу Грин. Градоначалникот Горан Герасимовски и Мила Јовановска, претседателката на здружението, потпишаа Меморандум за соработка со цел реализирање на проекти во областа на животната средина и климатските промени.

 

 

Во рамки на овој Меморандум се воспоставува соработка за зелена општина, која не треба да значи само зеленило, туку и заштита на животната средина преку едукација на правилно селектирање на отпадот. За таа цел, здружението Гоу Грин ќе спроведе серија предавања и работилници во основните училишта и градинките во општината за важноста од селекцијата на отпад и младинското учество во подобрување на животната средина.

Преку овие предавања, кои ќе се одвиваат во соработка со здружението Гоу Грин, Општина Центар ќе потпомогне во градењето одржлива и инклузивна  средина, ќе даде поддршка во имплементација на проектите за млади и ќе ги зајакнува на капацитетите на младинскиот совет и младинскиот службеник во областа на одржлив развој и зелени општини како и комуникација, отвореност и транспарентност кон младите.

Целта на овој Меморандум за соработка е преку взаемна соработка да се воспостави меѓусебна координација, планирање, реализација на проекти и други цели кои се од заеднички интерес.

Претходно во соработка со Гоу Грин како дел од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух” во Општина Центар беше уреден плоштадот Јадран Сквер со нови паметни клупи и ново зеленило.

Инаку, Општина Центар и ЈП ПОЦ пред една година го воведоа светскиот тренд во рециклирањето и поставија повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки, за што жителите добиваат субвенции од Општина Центар. Финансиските средства граѓаните може да ги искористат за пазарење со попуст во зелената мрежа на локали или да ги префрлат на други платежни картички за пазарење со попуст во зелената мрежа и користење на услугите на ЈП ПОЦ.

Општина Центар продолжува со успешните политики во правилната селекција на отпад кои ја бидат свеста кај граѓаните за полесно рециклирање и одржување на здрава животна средина.