Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2021 година (сабота), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.