СДСМ: Новата Влада ќе се формира кон средината на јануари

Сподели

 

Парламентарното мнозинство е стабилно, со Алтернатива е постигнат договор кој беше јавно објавен и кој беше јавно презентиран пред граѓани, договор кој се базира на стибилност и напредок на државата во согласност со европските вредности, порача вечерва портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во гостување на емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат.
 
Кузеска најави дека новата Влада предводена од СДСМ и новиот мандатар ќе биде формирана кон средината на јануари а нејзин главен приоритет ќе биде справување со предизвиците коишто претостојат но и да се запази континуитетот на процесите и политиките важни за граѓаните.
 
Портпаролката Кузеска потсети на успесите на досегашната Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
 
„Доскорешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев целосно ја промени сликата во државата. Денеска сме 30 земја членка на НАТО. Зголемена е минималната плата, зголемена се и социјалната помош и просечната плата. По 20 години успеавме да спроведеме попис во државата и истовремено го отворивме патот кон ЕУ“ порача Кузеска додавајќи дека СДСМ преку новата Влада што ќе ја предводи целосно ќе се посвети на справување со енергетската криза и пандемијата и бескомпромисна борба против корупцијата.