Нова сезона – стари проблеми за македонските ски центри

Сподели

 

Од осамостојувањето на Македонија речиси секоја власт најавува инвестиции во нови скијачки центри. Заедничко за сите е што бомбастичните планови се презентираат без никаква анализа за влијанието врз животната средина или за хидрометереолошките услови на избраните локации.

 

За секоја планина се реплицираат физибилити студии, реализација – нема. Во исто време веќе постоечките ски центри остануваат со старите проблеми и без никаква инвестиција.