Собранието ја избра новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски. При гласањето за владата вкупно присуствуваа 108 пратеници, 62 пратеници гласаа „ЗА“, додека 46 пратеници гласаа „ПРОТИВ“.
Новиот владин состав ќе има 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.
Во новата влада, министри ќе бидат: Оливер Спасовски за внатрешни работи, Славјанка Петровска за одбрана, Славица Грковска за вицепремиерка за борба против корупцијата, Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јована Тренчевска за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска Стојчевска за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања, Јетон Шаќири за образование и наука, Адмир Алити за информатичко општество и администрација, Беким Сали за здравство, Благој Бочварски за транспорт и врски, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Џемаил Чупи вицепремиер за дијаспората, Никола Тупанчевски за правда, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши за економија и Фатмир Бесими за финансии, Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања, Артан Групи за политички систем и односи меѓу заедниците.
“Легитимитетот на Владата е неспорен и со зголемената поддршка на мнозинството одржлив во следните две и пол години “, изјави премиерот Димитар Ковачевски.