По насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол, сторителот е приведен во полициска станица. Земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, информираат од МВР.
-На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.