ИЗЈАВИ: КИРИЛ МИНОВСКИ

Сподели

Kiril-Minovski

“Средствата од еврообврзницата нема да се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната, а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на долговите. Благодарение на вчерашното издавање на еврообврзницата обезбедени се неопходните финансиски средства со што има целосно ликвидност на буџетот. Постапката на издавањето на најновата еврообврзница по ништо не се разликува од издавањето на сите претходни еврообврзници. Сите оние аргументи кои беа изнесувани од страна на опозицијата се целосно невалидни, почнувајќи од аргументот за постоење на потреба за верификација од страна на дополнителен министер за финансии кој што во моментов го немаме затоа што не постои прецизен датум за избори.”