Нивната среќа не е целосна – Ова е вистината за љубовта на Надал и неговата жена!

Сподели

Шпанскиот тенсиер Рафаел Надал со години е во среќен брак со Франциска Перело, која ја запознал пред точно 14 години.

фото: Profimedia

Нејзиното вистинско име е Марија Франциска Перељо, работи како агент за осигурување, а може да се пофали и дека завршила и бизнис академија.

Таа му помага на Надал во работата на неговата фондација, каде што беше назначена за директор на проектот.

Според некои информации, двајцата почнале да се забавуваат во 2005 година, иако пред тоа се познавале неколку години. Во јануари 2019 година Франциска и Рафа се свршија, а следниот октомври следуваше венчавка, која беше изведена пред 350 луѓе во прекрасниот замок „Форталеза“ на Мајорка.

Интересно е што шпанската двојка засега нема деца, иако самиот Рафа неколку пати истакна дека би сакал еден ден да стане татко.

Сепак, тогаш нагласи дека можеби е најдобро да се чека вистинскиот момент, односно крајот на професионалната кариера.

Иако, многумина шпекулираат дека тоа е она што недостасува за нивната среќа да биде целосна.

фото:Profimedia

Самата Франциска во едно од ретките интервјуа истакна дека не сака да присуствува на натпреварите на Надал за да ја „зачува нивната врска“.

На тој начин смета дека тоа би го нарушило фокусот на Рафа и затоа му го дава целиот слободен простор.

Последен пат ја видовме на трибините за време на Австралија опен во 2020 година, кога ја следеше победата на Шпанецот против Ник Кирјос.

фото: Tanjug

Инаку, Марија Франциска нема социјални мрежи и јавно кажа дека не сака да биде во центарот на вниманието.

The post Нивната среќа не е целосна – Ова е вистината за љубовта на Надал и неговата жена! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico