Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи.
Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 90 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 80 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.