“И оваа спогодба нема потребни механизми за имплементација, така што лесно може да ја снајде истата судбина како Пржино1. Прво, колку и да се фалат преговарачите, фактот дека нема ниту една формулација што ќе им забрани на челниците на криминалот да се кандидираат, тоа е голем хендикеп. Судството останува нечепнато, медиумите половично. За жал, наместо заеднички фронт за уривање на оваа власт се случи ова, во кое никој не верува дека ќе резултира со добро. Башка, задолжувањето од пола милијарда евра се случи токму сега.”