Министерството за образование ги отфрли тврдењата дека нивната интернет страница и компјутерскиот систем биле пробиени од страна на хакерска група „Моќната грчка армија“ и оти снимките за кои се тврдеше дека се направени од надгледните камери во министерството, воопшто не се од нивните простории.3
Интернет страницата на Министерството за образование и наука функционира без прекин, нема неовластен влез во веб-сајтот, а снимките што преку Твитер синоќа беа објавени за наводен упад на хакери од Грција, не се од просториите на објектот на министерството, велат официјално од МОН.
Реакцијта следува откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група од Твитер профилот „Моќна грчка армија“ го пробила компјутерскиот систем на министерството за образование и притоа ја презело контролата врз надгледните камери и интернет страницата.