Османи на средба со амбасадорите на ЕУ: Не отстапуваме од амбицијата за добрососедство

Сподели

 

“Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери”, изјави Бујар Османи по средбата со Амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во Северна Македнија.
 
“Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство со силна меѓусебна доверба.”
 
 
 
На сите овие теми за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со ЕУ разговаравме денеска на средбата со Амбасадорите, додаде Османи.