Ковачевски: На денешен ден 2019, првпат се крена знамето на НАТО пред Владата на РС Македонија

Сподели

 

На денешен ден во 2019 година, за првпат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, – напиша Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, на неговиот фејсбук профил.
 
“НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд.
Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО”.