ДОМ со петиција за поставување на сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров

Сподели

 

ДОМ Ѓорче Петров преку петиција ќе поднесе барање до Град Скопје и општина Ѓорче Петров за поставување на сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров.

“Во период кога сме во сериозна енергетска криза со високи покачувања на сметките за струја, сметаме дека одличен почеток е поставување на панели и искористување на обновливите извори на енергија.

Енергетската независност на училиштата и тоа како ќе влијае врз намалување на финансиските импликации на буџетот на општината и заштитата на животната средина.

ДОМ Ѓорче Петров за свои приоритети ги има заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, ги повикуваме граѓаните да ја потпишат оваа петиција со цел јавно да побараме заедничко решение на овој повеќегодишен проблем”, информираат од ДОМ.