Политиката ги диктира условите во спортот – Дали Русија ќе остане без финалето од ЛШ?

Сподели

Актуелната политичка ситуација може да се одрази и на фудбалот. Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2021/22 е закажано за 28 мај, а ќе се игра во Санкт Петербург.

фото: EPA/Anatoly Maltsev

УЕФА би можела да ја лиши Русија од организацијата на финалето на Лигата на шампионите.

Европската куќа на фудбалот размислува за промена на стадионот на кој би се играло финалето поради тензиите меѓу Русија и Украина.

Ако Русија ја нападне Украина и започне војна, Русите ќе останат без финалето на најелитното натпреварување.

УЕФА најверојатно финалето би го преселила на „Вембли“, пренесуваат англиските медиуми.

Ова ќе биде втора година по ред како домаќинот на финалето се менува, откако минатата година финалето беше преместено од Турција во Португалија.

The post Политиката ги диктира условите во спортот – Дали Русија ќе остане без финалето од ЛШ? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico