Русија им се закани на Финска и Шведска поради „членството во НАТО“

Сподели

 

Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало „политички и воени последици“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, која ја објавило министерствот на Твитер.

 

 

– Јасно е дека влезот на Финска и Шведска во НАТО, кој е воен сојуз, би имал сериозни воено-политички последици, што пак би барало одговор од нашата земја – рече Захарова.

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска најавил дека ги повикал Финска и Шведска, кои не се членки на воениот сојуз, на вонредниот виртуелен самит на кој ќе се расправа за руската инвазија на Украина.

Оваа вест ги шокираше Финците на социјалните мрежи.