Генералното собрание на ОН вчера ја усвои резолуцијата, со која се изразува најдлабоко жалење за руската агресија врз Украина и се бара Русија веднаш да престане да се заканува и да користи сила против Украина и итно, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од меѓународно признатата територија на Украина.
Резолуцијата беше усвоена со 141 глас „за“, пет „против“ и 35 воздржани, меѓу кои и Кина.
Усвоената резолуција ја потврдува посветеноста на Украина за суверенитет, независност, единство и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници.
Се повикува на итно мирно решавање на конфликтот преку политички дијалог, преговори, посредување и други мирни средства, како и почитување на договорот од Минск. Во неа се нагласува жалење заради вмешаноста на Белорусија во нелегалната употреба на сила против Украина и го повикува Минск да се придржува до своите меѓународни обврски.