Руските сили ја зазеле локалната нуклеарна централа Запорожје, неколку часа откако се запалила поради едночасовното гранатирање врз објектот во текот на ноќта, од страна на руските воени сили, соопштија локалните власти во Запорожје.
Локалните власти и надлежните инститиции соопштија дека засега не пронашле знаци на зголемена радијација по битката меѓу руските и украинските сили во областа на електраната.
„Во 07:00 часот на 4 март 2022 година, радијацијата во регионот Запорожје останува непроменета и не претставува закана за животот и здравјето на населението“, се вели во соопштението.
Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа и деветта најголема во светот. Има шест реактори, од кои секој генерира 950 мегавати и има тотално производство од 5.700 мегавати, што е доволно за приближно четири милиони домови.