Херој од 11 години: Дете само избега од Украина и стигна во Словачка

Сподели

 

Полицијата на Словачка на својот официјален фејсбук-профил објави приказна за 11-годишно момче од Запорожје кое бегајќи од војната успеало да ја напушти Украина без никаква придружба.

 

 

„Со една пластична кеса, пасош и испишан телефонски број на раката пристигна сосема сам, бидејќи родителите морале да останат“, објави словачката полиција на својот профил на Фејсбук.

 

 

-Волонтерите доброволно се грижеа за него, го одведоа на топло и му обезбедија храна и пијалоци кои му ги спакуваа за следното патување. Сите ги освои со неговата насмевка, бестрашност и решителност, достоен за вистински херој. Благодарение на бројот на раката и парчето хартија, успеав да контактирам со роднините кои дојдоа по него подоцна и целата приказна добро заврши, се вели во објавата на словачката полиција.