По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи:
– Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија
– Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и
– Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.
Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24. Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи, додаде министерот Османи.