Жерновски повикан во СЈО за „Скопје 2014“

Сподели

Andrej-Zernovski-639x320

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник треба да дојде во Специјалното јавно обвинителство каде ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“, соопштија од општина Центар.

„Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект “Скопје 2014”, се вели во соопштението на општина Центар.

Тие потсетуваат дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Центар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски изветштаи за проектот „Скопје 2014“ коишто констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.

Ревизорските извештаи општина Центар во 2013 година ги достави и во Јавното обвинителство.

„Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска. Градоначалникот Жерновски се надева дека со формирањето и работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект „Скопје 2014“, велат од општината.