Челзи пред распаѓање – Клубот би можел да исчезне за 80 саати!?

Сподели

Челзи е во голема неволја и сериозна криза поради санкциите кои Велика Британија му ги воведе на сопственикот на Плавите, Роман Абрамович.

фото: Catherine Ivill – AMA/Getty Images)

Властите во Британија го забранија бизнисот на поединци и компании во таа земја, а неговиот имот е замрзнат.

Во клубот од Стемфорд Бриџ владее хаос. Неколку спонзори веќе ја прекинаа соработката со клубот. Состојбата во клубот ја следат бројни европски великани кои сакаат да ја искористат можноста да ги доведат најдобрите играчи на Челзи.

Челзи добил „специјална лиценца“ за натпреварувањето која трае до 31 мај, што значи дека Абрамович има 80 дена да го продаде клубот. Доколку тоа не се случи, иднината на Челзи е доведена во прашање.

Поради проблеми со спонзорите и забраната за продажба на билети, склучување договори со нови брендови, Челзи ќе загуби околу 600 милиони евра.

челзи

Сето ова ќе се одрази во тимот. Веќе се шпекулира дека Лукаку најверојатно ќе се врати во Интер, Џорџино се поврзува со Јувентус.

Кристенсен, Аспиликуета, Ридигер и Алонсо имаат истечен договор. Реал го сака Ридигер, а Барселона Алонсо, Аспиликуета и Кристенсен.

The post Челзи пред распаѓање – Клубот би можел да исчезне за 80 саати!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico