Владата ќе ја одржи 28-та редовна седница

Сподели

 

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи редовната 28-ма седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред министрите ќе се најде Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информација со Предлог-меморандум за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија.