Комуналните инспектори во Скопје извршија 30 контроли на терен

Сподели

 

Инспекторите од Одделението за комунална инспекција при Секторот Инспекторат на Град Скопје во текот на изминатата недела, согласно со своите законски овластувања, вршеа  контроли на целата територија на град Скопје.

Инспекторите излегле на терен и извршиле осум контроли на физички лица и на правни субјекти по основ на поднесени ектронски преставки на мејлот  24@skopje.gov.mk. 

Извршени се и 30 инспекциски надзори по претставки поднесени преку архива од физички лица и правни субјекти, три со задолжување со решенија, а изречени се и четири казни на физички и правни лица по Законот за јавна чистота.