Најмалку 260 цивили се убиени во борбите околу Харков

Сподели

 

Најмалку 260 цивили се убиени во борбите околу Харков откако руските трупи ја нападнаа Украина пред речиси еден месец, соопштија  локалните власти.

Меѓу загинатите има и 14 деца, соопштија синоќа судските власти, јави ДПА.

Градот во североисточниот дел на Украина е опколен од руски војници и имал 1,5 милиони жители пред почетокот на војната. Градот продолжува да биде гранатиран од артилерија, а неколку станбени згради беа погодени синоќа.