Средните училишта на Град Скопје во рамки на„Вечери на женски права 2022“

Сподели

 

Град Скопје и UNWOMEN – Тело на Обединетите Нации за родова рамноправност и зајакнување на жената и годинава го организираат 13-то издание на настанот „Вечери на женски права 2022“.
 
Град Скопје е покровител и водечка институција при организирањето на овој настан.
 
„Вечерите на женски права“ се исполнети со прикажување на документарни филмови кои се проследени со дебати, изложби, промоции на книги и предавања, како и со вклучување на средните училишта во Скопје, со цел родово сензибилизирање на средношколците и професорите и подигнување на свеста и разбирањето на важноста за концептот на родова еднаквост.
 
Како дел од предвидената програма на „Вечерите на женски права“, од 21 до 24 март, во кино салата на Кинотека, со почеток од 12.00 часот, ќе се одржат проекции кои се наменети за ученици од средните училишта на Град Скопје, а распоредот по кој што ќе се одвиваат проекциите е следниот:
 
  • 21 март – СУГС Никола Карев и СУГС Здравко Цветковски
  • 22 март – СУГС Д-р Панче Караѓозов и СУГС Орце Николов
  • 23 март – СУГС Васил Антевски Дрен и СУГС Ѓорѓи Димитров
  • 24 март – СУГС Јосип Броз Тито и СУГС Марија Кири Склодовска

По секоја од проекции те ќе следи и дебата поврзана со темата во филмот.