МНР прогласи петмина руски дипломати „персона нон грата“

Сподели

 

Министерството за надворешни работи денеска прогласи пет руски дипломати за „персона нон грата“.

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, информираат од министерството.

Во писменото соопштение се наведува дека согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.