Јункер: Само Британија може да го иницира процесот на излез од ЕУ

Сподели

Нема краен рок до кога Велика Британија треба да ги почне преговорите за излез од Европската унија, соопшти претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Јункер, во интервјуто за „Франс 2“ рече дека членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е уредена процедурата за излез од ЕУ може да го активира само Велика Британија.

– Би сакал Обединетото Кралство да ни достави барање за оставка, доколку можам така да се изразам, што е можно поскоро, бидејќи мислев дека Британците, особено тие, кои сакаат да ја напуштат ЕУ се подготвиле за таква можност, рече Јункер.

meta.mk