Папата Франциск ја осуди руската инвазија и се моли за мир во Украина

Сподели

 

Папата Франциск за време на неговата дводневна посета на Малта повторно ја осуди војната во „маченичката“ Украина. Изјавата на Папата следува по пронаоѓањето на 20 тела на цивили во Буча, недалеку од Киев.

„Се молиме за мир додека размислуваме за хуманитарната трагедија на маченичката Украина, која сè уште живее под бомбите во оваа војна“, рече папата Франциск по мисата одржана на отворено во Ла Валета пред најмалку 12.000 луѓе.

Папата ја осуди руската инвазија, потсетувајќи на како што рече сите оние моќни луѓе кои, за жал, се заробени во нивните анахрони претензии со националистички интереси зад себе, што поттикнува конфликти. Тој  го осуди „привлекувањето на автократијата“ и „новите империјализми“ кои му се закануваат на светот со „голема студена војна која може да уништи цели народи и генерации“.

Еден ден претходно, папата Франциск рече дека размислува за посета на украинскиот главен град Киев, откако доби покана од украинскиот претседател, Володимир Зеленски и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко./meta.mk