Павле Трајанов бара, експертски тим да ги провери сите нелогичности и се обиде да се објават статистички податоци, кои се одраз на реалните-фактички состојби.
Во информацијата меѓу другото стои: “Собранието на Република Северна Македонија, на 21 јануари 2021 година, донесе Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, при што пописот требаше да се спроведе од 1 до 21 април 2021 година според состојба на 31 март 2021 година. Со законот се предвидува да се приберат податоци за населението, домаќинствата и становите на територијата на Република Северна Македонија, преку попишување на терен и истовремено да се користат и збирките на податоци од повеќе институции.
Спроведувањето на пописот се одложи и согласно измените и дополнувањата на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија (Сл.Весник бр.74/2021), се утврди истиот да се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, според состојба на 4 септември 2021 година. Со законот се предвидува и попис на лица, државјани на Република Северна Македонија, кои се на привремена работа или престојуваат во странство со самопопишување по електронски пат во периодот од 1 март до 21 април 2021 година, при што оваа можност можеа да ја реализират од споменатиот датум, па се до 30 септември 2021 година.
Во законскиот рок, директорот на Државниот завод за статистика, ја донесе Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот, со која меѓу другото се дефинира и разграничува резидентно и нерезидентно население.
Резидентно население се сите лица кои живеат во Република Северна Македонија, без разлика дали во моментот се во Република Северна Македонија или во странство, додека нерезидентно население се сите лица кои што имаaт вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија, но престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година).
Во Информацијата се опфатени податоците само за населението од Пописот кој се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.
Пописот се одржа во многу специфични околности, почнувајќи од тешката здравствена состојба за време на четвртиот бран од пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19 поради што се предизвика чувство на страв кај многу граѓани од можноста за зараза при прием на попишувачи, па се до негова политизација, повик за бојкот на истиот, но и други фактори, како слабиот одзив и недоволната обука на попишувачите, немање на контролни механизми, совпаѓање со изборната кампања за локалните избори итн.
Владата и другите државни институции не организираа кампања за мотивирање и поттикнување на граѓаните да се попишат, наспроти партиите од албанската етничка заедница, носители на јавни функции и странски државници (Албанија и Косово), кои се вклучија во кампања за лицата од албанската етничка заедница да се попишат.
Во подготвителната фаза и во текот на пописот, повеќето носители на високи јавни и политички функции, изјавуваа дека се работи за статистичка операција, дека со пописот ќе се соберат податоци кои се битни за планирање на демократска, социјална, економска, здравствена, но и други политики значајни за развојот на државата, додека правата на етничките заедници нема да зависат од пописот.
Партиите што собираа потписи за одложување на пописот, како и оние што организирано повикуваа на бојкот, имаа огромно влијание за големиот број непопишани лица, посебно кај иселениците односно наши државјани кои престојуваат во странство.
На денот на завршување на Пописот, 30 септември 2021 година, директорот на Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека се попишани 1.832.696 лица (најверојатно без 132.260 лица кои не беа попишани, но покасно при обработка и проверки со вкрстување на податоци од евиденциите, дополнително се попишани и вградени во вкупниот број на резидентно население), 568.175
На 31 март 2022 година, беа официјално објавени податоците од пописот, според кои во Република Северна Македонија се попишале 1.836.713 лица (резидентно население), додека во странство 260.606 лица (нерезидентно население) или вкупно 2.097.319 лица. Од резидентното население 132.260 лица (или 7,2%) од различни причини и мотиви не се попишале, но за нив податоците се преземени од различните бази и тие по административен пат се вградени во вкупното резидентно население и влезени се во статистичките пресметки од Пописот 2021.
Сепак, за овие граѓани нема клучни податоци, како што се националната или религиската припадност, јазикот на кој зборуваат (мајчин јазик) и сл. А причината за тоа, според објаснувањето од Државниот завод за статистика, е тоа што овие податоци се добиваат само со лично изјаснување на граѓаните.
Инаку, според националната припадност, од резидентното население 1.073.299 (58,44%) се Македонци, 446.245 (24,30%) Албанци, 70.961 (3,86%) Турци, 46.433 (2,53%) Роми, 8.714 (0,47%) Власи, 23.847 (1.30%) Срби, 16.042 (0,87) Бошњаци, други неспоменати се 17.990 (0,98%), не се изјасниле 450 (0,02%), непознато 472 (0,03%) и лица за кои податоците се преземени од административни извори се 132.260 (7,20%).
Од вкупно попишаното нерезидентно население (260.606), Македонци се 63.731 (24.45%), Албанци 172.942 (66.36%), Турци 12.482 (4,79), Роми 2.671 (1,02%), Власи 494 (0,19%), Срби 912 (0,35%), Бошњаци 2.121 (0,81%), други 4.181 (1,60%), не се изјасниле 102 (0,04%) и непознато 970 (0,37%).
Податоците за вкупното нaселение 2.097.319 (
Според религиозната определба од резидентното население 847.390 (46,14%) се изјасниле за православни, 590.878 (32,17%) како муслимани (ислам), 6.746 (0,37%) како католици, и како најголема забуна се јавува бројка од 242.579 (13,21%) кои се изјасниле како Христијани, но за кои не е познато дали се православни, католици или протестанти, што претставува нелогичност во изјаснувањата за религиската припадност, бидејќи Христијани би требало да е вкупниот број од попишаните православни, католици и протестанти. Ова значи дека од методолошки аспект, прашалникот за верската определба бил збунувачки и граѓаните не биле во можност соодветно да се определат без детално да им бидат објаснети можните опции за религиозна определба. Во првичните резултати од овој Попис се појавени/забележани и други религиски заедници како евангелско протестантски христијани, агностици, будисти, кои по корекциите се избришани, меѓу кои и припадниците на еврејската (мојсиева) заедница.
По објавувањето на резултатите од пописот свои коментари, ставови и оценки дадоа голем број партии, невладини организации, експерти, медиумите, како и поединци при што во основа негативните ставови се однесуваа на пописот на нерезидентното население и неговото вклучување во вкупното население, големиот број непопишани лица кои живееат во Република Северна Македонија, но посебно за оние во странство – нерезидентното население.
Посебно индикативни се информациите дека обработувачите на податоците од Државниот завод за статистика се соочиле со проблеми околу резидентни и нерезидентни лица за кои било тешко да се утврди во која група припаѓаат, при што имало процес на дополнителни проверки преку постојните евиденции (кои не се на високо оперативно ниво), но сепак се вградени во групата на резидентни лица. Според непотврдени информации се работи за околу 50.000 лица.
Граѓаните искажуваат недоверба во објавените податоци и генералната оценка е дека пописот не е одраз на реалните состојби, при што се зголеми и недовербата кон институциите и власта во целина.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, Република Северна Македонија има 2.560.000 државјани и ако се попишани 1.836.713 лица – резиденти, како и 260.606 лица- нерезидентни, остануваат 462.681 лица непопишани. Поради фактот дека не се попишани речиси две третини од нашите државјани во странство (попишувањето беше доброволно), податоците од пописот за нерезидентното население даваат сосема погрешна слика за етничката или религиската припадност на државјаните на Република Северна Македонија кои живеат надвор од земјата и одредени политички партии ги користат за етничко пребројување и мајоризација кога од вкупниот број попишани вадат проценти за бројот на Македонци, Албанци итн.
Повеќе од јасно е дека граѓаните не треба да се делат по национална, јазична или верска основа, меѓутоа со Уставот и законите согласно Охридскиот Рамковен Договор (2001), дефинирани се права на етничките заедници кои зависат од процентуалната застапеност во вкупниот број на население, односно согласно амандман VI, точка 1 на Уставот, соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, поради што е битна и ваквата каректеристика.
Инаку, досега во пописите немало законска (или искуствена) основа за попис на нерезидентно население, ниту пак негово вклучување во вкупното население, со што се градат поинакви соодноси помеѓу етничките заедници, а со тоа се нарушува и соодветната и правична застапеност во јавната администрација и власта, двојното гласање (Бадентер), балансерот при вработување и сл.
Не се најдени ниту споредбени искуства од пописите во други држави, каде пописот се врши за вкупно (резидентно и нерезидентно) население, туку само за резидентно население.
Овие податоци, за резидентното и нерезидентното население, ако не се раздвојат, не може да се споредуваат со претходните пописи, ниту пак да се планираат стратегии за развој во различни области, ниту пак за научни цели, а уште помалку за остварување на права според етничката припадност.
Врз основа на информацијата и расправата, предлагам Собранието на Република Северна Македонија, да ги донесе следните
ПРЕДЛОГ-ЗАКЛУЧОЦИ:
1. Да се донесат измени и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, со кои од пописот ќе се изостават нерезидентите.
2. Преку вкрстување на податоците од евиденциите, но и со директен контакт со лицата кои не се попишале, да се соберат податоците согласно прашалникот за попис.
3. Владата на Република Северна Македонија да формира Експертска комисија составена од девет члена, која во соработка со Државниот завод за статистика и другите државни институции ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки.