КЗБ препорача укинување на маските во затворен простор освен во здравствените установи

Сподели

 

Укинување на мерката задолжително носење маски во затворено, со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз е една од препораките кои Комисијата за заразни болести ќе ги предложи до Владата.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски посочи дека иако се препорачува укинување на мерката, тие повторно препорачуваат маски да носат возрасните, имунокомпромитираните лица и лицата со хронични болести.

Втората мерка која ја предлагаат се однесува на следење на контакти. „Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и изолацијата на контактите. Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките“, велат од Комисијата.