По повод Светскиот ден на здравјето, „Алкалоид” АД Скопје во својот двор реализираа креативна работилница, за децата на вработените во својата компанија.
“Здравјето претставува целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или изнемоштеност“, се вели во дефиницијата на Светската здравствена организација од 1948 година. Како своевиден аларм кој треба да го привлече вниманието на светската јавност за најважните проблеми поврзани со здравјето на глобално ниво, 7 април оваа година се одбележува под слоганот „Нашата планета, нашето здравје“.
Свеста за најважното нешто во животот – грижата за себе и за животната околина и многуте слични теми поврзани со човековото здравје – започнува од најрана возраст, кога, всушност, и се добиваат здравите навики. Годинава, по повод Светскиот ден на здравјето, „Алкалоид“ АД Скопје својот фабрички двор го претвори во креативна работилница за децата на вработените во компанијата. Најмалите членови на големото семејство „Алкалоид“, на возраст од 4 до 14 години, цртаа, разговараа, дебатираа и кажуваа колку знаат за здравјето!
Малите протагонисти од големиот алкалоидов тим, почнувајќи токму од 7 април, па во наредните неколку месеци, ќе отвораат нови поглавја на темата здравје, истражувајќи за здравата исхрана, здравата животна средина, за спортот, здравиот сон, позитивното размислување и за слични теми што го засегаат буквално секој еден поединец.
Влоговите насловени „60 секунди здравје“ ќе бидат постирани на каналите на социјалните мрежи на „Алкалоид“ АД Скопје и ќе имаат цел да ја подигнат свеста за поздрав живот на секој поединец.
Имајте убав ден на здравјето затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!